Последно ажурирано на 25.07.2018
ДЕЛОКРУГ НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ
KUK HANDELS GMBH и нејзините подружници (KUK или ‘ние’) е интернационален дистрибутер на прехранбени и фармацевтски суровини кој обезбедува техничка консултација, дистрибуција и продажни услуги за производителите на прехранбени и фармацевтски производи, како и дистрибуција и outsourcing услуги на производителите на суровини ( “услуги”).
Ние ја вреднуваме вашата доверба и ја почитуваме вашата приватност, па поради тоа сакаме да бидете запознаени со начинот на кој ние ги собираме, користиме и ги откриваме информациите. Оваа политика на приватност ја потенцира нашата генерална политика и пракса во заштитата на личните информации кои ги собираме преку нашата веб страница на www.kuk.com и други веб страници со кои работиме. Дотолку повеќе, ги опишува видовите на информации кои ги собираме преку нашите сајтови и во релација со нашите услуги, начинот на кој ги користиме тие информации, и изборите кои индивидуите можат да ги искусат во врска со нивната употреба и нивната можност да ги коригираат тие информации.
ТИПОВИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ
Личен податок е секоја информација која е поврзана со секоја индивидуа која е идентификувана или може да се идентификува.
Личните податоци кои ние ги обработуваме вклучуваат:
- Име/ податок за идентификација (име/ презиме, академска титула/ професија, дата на раѓање, пол, ....)
- Податок за контакт (email адреса, поштенска адреса, телефонски броеви, ....)
- Податоци за маркетинг и комуникација кои ги вклучуваат вашите информации при примање маркетинг понуди и коресподенција која е неопходна во обезбедување на бараните услуги кон вас (вклучително и преддоговорни правни односи)
- Податоци за трансакции вклучително и детали за плаќања од и до вас/ организацијата која ја претставувате и други детали за продукти и услуги кои вие/ вашата организација која ја претставувате ги купувала или добавувала до КУК
- Финансиски информации кои вклучуваат детали за кредитната способност на организацијата која ја претставувате
- Технички и кориснички податоци вклучително и податоци за употребата на нашите страници (на пример. дата, време и локација на пристап до нашите страници, пребарувани страници/ линкови и споредливи податоци)
Ние собираме лични податоци кога сте вклучени во услуги што ние ги овозможуваме, на пример кога:
- Ни праќате барање за производ или услуга
- Нарачувате производ или услуга
- Спроведуваме истражување на пазарот, кога сте вклучени во активности за промоција на производ или кога се регистрирате за некој нашите од нашите настани
- Учествувате во истражување или други промоции
- Не следите на социјалните мрежи или споделувате информации од вашиот профил на социјалните мрежи со нас.
Дополнително, можеме да обработуваме лични податоци кои се законски собрани, примени или добиени од јавно достапни извори на информации (на пример, трговски регистри и регистри на организации, јавни книги, медиуми, интернет и други медиуми) ако истите се неопходни и ни е дозволено да ги користиме тие податоци во согласност со законската регулатива.
Ние ги обработуваме податоците бидејќи се потребни за: договорните односи со вас, или организацијата која ја претставувате (или во насока на превземање на чекори, пред потпишување на конкретниот договор); и превземените активности од страна на вас/ вашата организација. Ние имаме потреба да ги обработуваме личните податоци со цел за обезбедување на бараните услуги и производи до вас. Доколку не сакате да ни овозможите да располагаме со вашите лични податоци, на ваша слободна волја е дали тоа ќе го сторите. Како и да е, ова може да резултира со неможност за користење на нашите страници и услуги, или може да ни создава пречки во воспоставувањето на договорни односи и со вас или организацијата која ја претставувате. Доколку ни изложувате било какви лични податоци поврзани со други луѓе, до нас или нашите сервис провајдери, поврзано со нашите услуги, тоа подразбира дека имате овластување да го сторите тоа и дека ни дозволувате да ги користиме тие информации во согласност со оваа политика на приватност.
Ве замолуваме да не ни испраќате или откривате до КУК било какви осетливи лични информации (на пример, информации поврзани со расна или етничка припадност, политички ставови, религија или други убедувања, здравје, криминално досие или членство во синдикални организации), бидејќи ние не обработуваме и собираме таков тип на податоци.
Ние не вршиме собирање на информации од лица кои се на возраст под 18 години. Доколку сте лице под 18 години, Ве молиме да не доставувате било какви информации до нас.
ЗА КОИ ЦЕЛИ ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Ние и нашите обезбедувачи на услуги ги користиме личните податоци за нашите бизнис цели, кои вклучуваат:
- исполнување на Вашите и наши цели и одговарање на Вашите барања и потреби( кои се базирани на нашите договорни односи или во согласност со правните обврски, вклучително и преддоговорните односи)
- процесирање на Вашите плаќања, дали Вашата нарачка е доставена до Вас, комуникација со Вас во врска со Вашите купувања/ продажби и обезбедување на соодветна корисничка поддршка
- испраќање на важни информации во врска со промените во условите и политиката на приватност на КУК и/ или други административни информации.
- Креирање на нашите понуди согласно Вашите потреби и овозможување да се вклучите во КУК Академиите, семинари за клиенти или други настани (базирани врз основа на нашите договори или со Ваша согласност)
- Испраќање на маркетинг промоции за кои веруваме дека би Ви биле од интерес, вклучително и информации за саеми и КУК настани
- Овозможување да се регистрирате и учествувате на КУК- Академиите, семинари за клиенти или други КУК настани
- Во насока на остварување на бизнис целите (базирани на нашите договорни односи со Вас, во согласност со правните обврски или затоа што имаме легитимен интерес)
- Подобрување на нашите услуги кон Вас
- Развивање на маркетинг алатки и настани
- Администрирање и ажурирање на нашите веб страници и онлајн услуги ( на пр. безбедносни мерки)
- Обезбедување на сигурноста на нашиот IT систем и опрема
- Обезбедување на сигурноста на корпоративниот менаџмент (на пр. известувања, проценка на ризик, сметководствени трошоци)
- Следење на правни регулативи и процеси
- Усогласување со постоечките правни процеси, вклучително и легислатива надвор од вашата земја на престој
- Одговарање на барања од страна на јавни институции и владини органи вклучително и оние надвор од вашата земја на престој
- Штитење на правата на КУК, приватноста, сигурност и имотот, на Вас или на другите
- Овозможување КУК да превземе соодветни постапки или да ги лимитира штетите кои евентуално би настанале
Ние не користиме профилирање и не правиме одлуки базирани единствено на автоматско процесирање на вашите лични информации.
КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ние ќе ги задржиме Вашите лични податоци онолку време колку што е потребно за целите опишани во оваа политика на приватност, освен ако не е потребен подолг рок или доколку е дозволено со закон.
За определување на рокот за чување на личните податоци, користиме различни критериуми, вклучително и:
- Должината на временскиот период во кој ги обезбедуваме бараните услуги до вас ( вклучувајќи ги и преддоговорните правни односи и исполнување на условите од договорите)
- Целта поради која ги користиме вашите лични податоци
- Количината, природата и сензитивност на личните податоци
- Потенцијален ризик или штета од неовластена употреба или изложување на вашите лични податоци
- Обврски за задржување и документирање согласно обврските кои ги наложуваат постоечките локални закони.
КАКО ГИ ОСИГУРУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Сигурноста на вашите лични податоци е важна за нас. Затоа, користиме разумни технички (пр. мрежни заштити, енкрипција на hard drive, механизми за автентичност) и организациски мерки (на пр.доверливи договори, тренинзи, процедури кои го ограничуваат пристапот и користењето на податоците) со цел да се заштитат информациите кои ги обработуваме. За жал, за ниту една размена на податоци преку Интернет или системот за складирање на податоци, не може да се гарантира 100% сигурност. Доколку се сомневате или имате причина да се сомневате дека вашата интеракција со КУК не е повеќе сигурна, веднаш да не известите на data.protection@kuk.com .
ИЗЛОЖЕНОСТ И ТРАНСФЕР НА ПОДАТОЦИ
Во КУК, Вашите лични податоци се изложени и процесирани од страна на КУК компаниите на кои им се потребни овие податоци за целите кои се опишани во оваа политика на приватност, во насока на исполнување на нашите договорни обврски и статутарни обврски или ако се побарува таков тип на податоци за обработка и имплементирање на нашите цели.
Ние можеме да ги изложиме информациите кои ги собираме кон наведените трети страни на следните начини:
- до нашите обезбедувачи на услуги и добавувачи, кои ги собираат или употребуваат или ги обработуваат тие информации за нас во наше име (на пример нашите добавувачи на суровини, database hosting компании, поддршка i одржување на ИТ апликации, поштенски услуги, компании за магацин/ логистика, маркетинг агенции и други слични партнери кои ни помагаат да ги менаџираме сајтовите и/или да обезбедуваме функционалност, квалитетни услуги и/или производи)
- да одговориме на судски налози или други правни процеси, или да обезбедиме информации доколку се бараат од страна на органи за спроведување на законот, други владини органи, друго што е пропишано со закон или кога преносот на податоци е од јавен интерес
- да ги штитиме правата на КУК, приватноста, сигурноста или имот, Ваша или на друг
- во случај на реорганизација, спојувања, продажби, заедничко вложување, трансфер или друго распоредување на целиот или било кој дел од КУК бизнисот, средствата или акциите вклучително и состојби на банкрот или слични процеси
- во секој случај, со Ваша дозвола или ако е дозволено со закон.
Поради интернационалната природа на нашите услуги, личните податоци можат, согласно релевантните закони, да бидат пренесени интернационално низ КУК, за целите опишани погоре. Ова може да значи дека личните податоци можат да бидат пренесени во земји кои немаат закони или регулативи кои ги штитат личните податоци на ист начин како во ЕУ. Ние користиме разумни мерки со цел да го лимитираме изложувањето на податоците кои вие ни ги обезбедувате на нас, единствено до конкретни лица вработени во КУК и нејзините подружници, како и до трети лица. Ние ќе бараме надворешните лица кои обработуваат податоци, да ги обработуваат податоците само за целите опфатени во оваа политика на приватност..
Доколку ги обработуваме Вашите податоци во Европската Економска Заедница (ЕЕЗ) или Швајцарија, постапуваме во согласност со релевантните закони, особено со Регулативата за заштита на лични податоци. (GDPR). Ако е потребно да се пренесуваат податоци до примач во друга земја за која не постои адекватна одлука на Комисијата согласно со чл.45 од GDPR, користиме некои од следниве механизми за да обезбедиме адекватен степен за заштита на податоците:
- EУ- Стандард- Договорни услови со примачот на податоци надвор од ЕЕЗ согласно со чл.46 став 2 точка ц), д) од GDPR, или,
- обврзувачки корпоративни правила во согласност со член 47, член 46 став 2 точка б) од GDPR кои се воспоставени во КУК, или
- кодекси за однесување кои постојат во КУК, заедно со обврзувачки и извршни одлуки во третата земја со цел да се применат соодветни заштитни мерки, вклучувајќи ги и човековите права за податоци (член 46, став 2, точка е), член 40), или
- КУК имплементира одобрени и сертифицирани механизми во согласност со членот 46 став 2 точка ф, и член 42 од GDPR, заедно со обврзувачки и извршни одлуки во трети земји со цел да примени соодветни заштитни мерки, вклучувајќи ги и човековите права за податоци
- органот за заштита на податоците пропишува договорни клаузули помеѓу КУК и примателот на податоци во трети земји (чл. 46 став 3 точка а) GPDR), или
- ограничување во специфични ситуации во согласност со член 49 став 1 од GDPR, или
- ограничување во поединечни ситуации во согласност со член 49 став 1 подстав 2 од GDPR.
КОЛАЧИЊА
Нашите сајтови користат веб аналитичка апликација наречена "Матомо". Матомо користи колачиња со цел да ја идентификува употребата на нашите страници, помагајќи ни за понатамошно подобрување на вашето корисничко искуство.
Колаче е збир на информации кој веб сајтот го складира на компјутерот на посетителот, а чиј кориснички пребарувач ги прави достапни на веб страницата секогаш кога корисникот повторно го користи.
Овој тип на податоци вклучува тип на пребарувач, интернет сервис провајдер, referring/exit страници, оперативен систем, државата од која е направен пристапот, како и запис на време и датум.
Во моментот на трансферот на податоци, вашата IP адреса е анонимна, и е невозможно да бидете идентификувани Вие, Вашиот копјутер или мобилен уред. Доколку не се согласите со користење на колачињата, или оневозможете ги користејќи ги поставките на пребарувачот, со напомена дека одредени функциналности на начите веб страници може да не функционираат правилно без нив.,
ПЛАТФОРМИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ
Преку следење, коментирање или споделување на информации преку нашите социјални канали ( на пример. LinkedIn), ние можеме да примаме информации од провајдерот на вашата социјална мрежа (во зависност од поставките на вашиот социјален медиум) како што се: податоци за контакт, интереси и контакти. За повеќе информации за лични податоци кои ги добиваме од провајдерот на вашата социјална мрежа и начинот како да ги измените вашите поставки, Ве молиме проверете ја веб страницата и политиката на приватност на провајдерот на вашата социјална мрежа. (на пример за LinkedIn посетете https://www.linkedin.com/legal/privacy-policy ).
HYPERTEXT ВРСКИ
Оваа политика на приватност не се однесува, и ние не сме одговорни за, приватноста, информациите или други дејства на трети страни, вклучувајќи и трети страни кои располагаат со веб страници до кој нашата веб страница содржи врска. Присутноста на линк на нашите веб страници не имплицира поврзаност или врска со КУК. Ние не сме одговорни за собирање на информациите, користење, изложување, сигурносни политики или дејствија на било кој социјален медиум или друг оперативен систем, вклучително и лични податоци кои ги изложувате на други организации низ или во врска со такви страници/ услуги. Доколку добиеме сомнеж за специфично прекршување на законот, поврзано со линк од надворешната веб страница веднаш ќе го одстраниме тој линк.
Секоја слабост во врска со ова прашање, може да биде решена по дознавањето на прекршокот на наша страна.
ВАШИТЕ ПРАВА ПРИ ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Имате право да:
- Да добиете потврда дали личните податоци кои се однесуваат на Вас се обработени, како и понатамошни информации за природата на обработката на податоците и копии од истите (чл. 15 GDPR),
- Да добиете одстранување на неточни или нецелосни податоци(чл. 16 GDPR),
- Да добиете бришење на податоци поврзани со вашата личност (чл. 17 GDPR),
- Да добиете забрана за обработката на податоци (чл. 18 GDPR),
- Да ги примите податоците поврзани со вас во структуриран, општо употреблив и формат кој е machine-readable и да ги пренесете тие податоци до друг контролор (чл. 20 GDPR) и
- Да приговарате.
Доколку би сакале да побарате копија од вашите лични податоци или да се повикате на вашите други права, Ве молиме да не контактирате со користење на деталите за контакт кои се наоѓаат на крајот на оваа политика за приватност. Имајте предвид дека за Ваша заштита, мораме да го верифицираме Вашиот идентитет пред да одговориме на вашето барање.
Доколку сте ни дале дозвола за користење на вашите лични податоци, имате право да ја повлечете таа дозвола во секое време.
Повлекувањето на Вашата дозвола нема ефект врз законитоста во обработката на податоците пред повлекувањето на дозволата.
Ако ги обработуваме Вашите податоци за наши цели, имате право да поднесете приговор против обработката во секое време. Имајте во предвид дека ние законски ќе добиеме обработка на Вашите податоци се додека не се утврди дали целите за користење на тие податоци ги надминуваат вашите основи.
Во рамките на Европската економска заедница (ЕЕЗ), имате право да поднесете жалба до органот за заштита на податоци за вашата земја или регион или кога се случува наводно прекршување на постоечката законска регулатива за заштита на податоците. Листа на органи за заштита на податоците е достапна на веб-страницата на Европската комисија.
ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА
Кук го задржува правото да ја измени или модифицира оваа политика на приватност повремено.
Погледнете ја “ПОСЛЕДНА ПРОМЕНА” рубрика во горниот дел на оваа страница за да видите кога оваа политика на приватност е последен пат ажурирана. Секоја промена во оваа политика на приватност, станува ефективна кога ќе ја објавиме последната ажурирана политика на приватност.
Вашето користење на страниците после овие промени, значи дека ја прифаќате ажурираната политика на приватност.
Би сакале да Ве информираме дека во случаи на несигурност ( на пример јазични разлики во значењето)- Англиската верзија од нашата политика на приватност ќе има предност. Овозможениот превод од наша страна е само за информација и подобра услуга за Вас. Особено би сакале да се оградиме од било какви печатни грешки што може да се присутни во овој превод и однапред Ви благодариме за разбирањето.
КОНТАКТ СО НАС
Вашите лични податоци обработени од страна на КУК се контролирани од KUK-Handels GmbH или од една од нејзините подружници.
Доколку имате било какви прашања за изјавата за приватност можете да ја контактирате вашата одговорна КУК Компанија или можете да ја контактирате нашата дирекција:
KUK-Handels GmbH
Auleiten 4
4910 Ried im Innkreis
Телефон: +43 7752 85805
e-mail: data.protection@kuk.com
Доколку ја контактирате нашата Дирекција, можно е да го препратиме Вашето барање до одговорната КУК канцеларија.